PWA или Progressive Web Apps, како што кажува и самото име, се веб апликации кои може да се инсталираат на мобилните и десктоп оперативните системи и да се однесуваат како и стандардните апликации.

Со инсталацијата на веб страните како апликации се добиваат одредени предности. Тие се отвораат во посебен прозор без стандардниот изглед на прелистувачот, можат да испраќаат известувања, а исто така имаат пристап до дискот на уредот и со тоа може да зачувуваат податоци.

Со оглед на тоа дека се работи за веб апликации, тие можат да функционираат на било кој оперативен систем без потреба од било какво прилагодување, само е потребен прелистувач кој ги поддржува.

За Windows 10 ова е одличен начин да има одредени апликации кои не се достапни преку Microsoft Store како посебно развиени апликации за оперативниот систем.

Google ја прилагоди страната на YouTube и сега таа функционира како PWA и може да се инсталира. Иако ова е можно и на мобилните, сепак како можност е поважно за десктоп компјутерите со оглед дека не е достапна десктоп апликација.

За да се инсталира YouTube како апликација треба да се отвори преку прелистувач кој поддржува PWA апликации. Најпопуларниот прелистувач Google Chrome ја има оваа поддршка, а исто така и Microsoft Edge, но поддршката ја нема кај Mozilla Firefox.

Кога ќе ја отворите YouTube страната, како и било која друга која е PWA, во лентата за адреси се појавува нова копче со „плус“ знакче. Со притискање на ова копче се добива можноста за инсталација на апликацијата, по што таа ќе се отвори во посебен и прилагоден прозор со своја посебна кратенка која може да се стави на Старт менито или на таскбарот.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаReuters најавува дека во Huawei се размислува за излез од пазарот на смартфони од највисоката класа
Следна статијаФондот за иновации и технолошки развој со демант на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.