Фото: Shutterstock.com

По објавата на првиот „твит“ кој е изменет по објавата, Twitter покажа дека пуштањето на оваа функција за корисниците е блиску. Од компанијата оваа можност денеска ја пуштија за првата група на корисници, како што беше најавено, кои плаќаат за Twitter Blue претплатата.

Покрај потребата од Twitter Blue претплата, во оваа фаза исто така ќе биде потребно да се биде корисник од една од трите земји кои ја добија новата можност, односно Канада, Австралија и Нов Зеланд.

Во најавата стои дека и корисниците на САД може да ја очекуваат наскоро, но не е познато кога може да се очекува за корисниците од целиот свет. Исто така, не е познато дали после одреден период оваа можност ќе им биде пуштена на сите корисници, односно не само на Twitter Blue претплатниците.

Како што можеше да се види од минатонеделната објава од страна на Twitter, која беше изменета, ваквите „твитови“ ќе бидат означени со посебна икона, како и информација за тоа кога е направена последната измена. Со притискање на иконата, односно информацијата, се отвораат сите направени измени, заедно со нивните лајкови и коментари.

Корисниците ќе можат да направат измена на нивната објава во рок од 30 минути по објавата, а со цел да сепак се задржи одредено ниво на комуникација. Не би било логично да може да се измени објава после денови од кога била направена, луѓе коментирале и слично.

Претходна статијаMicrosoft ја намалува разликата помеѓу десктоп и веб апликациите со нова можност
Следна статијаМладите да бидат активно вклучени во носењето на одлуки
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.