Microsoft Office 2021 пакетот за кој беше најавено дека ќе може да се купи и користи од 5ти октомври, сега официјално ги има и достапните функции и цени, па корисниците не мора веќе да претпоставуваат.

За потсетување, Microsoft уште развива Office пакет како што беше порано, кој се инсталира независно од облакот и месечна претплата, без разлика што главен производ им е Microsoft 365 верзијата.

Последната верзија од посебниот, независен пакет од Office беше Office 2019, па иако не се работи за многу години поминати, сепак Microsoft 365 верзиите од Word, Excel, PowerPoint и другите веќе добија доста новини, па пакетот може да се каже дека веќе е застарен.

Office 2021 сега знаеме дека ќе дојде со новиот изглед на апликациите направен врз основа на дизајн стилот на Windows 11. Тоа значи дека апликациите ќе имаат заоблени ќошеви, освежен изглед на лентата, а посебно се истакнува и можноста за соработка во исто време на ист документ.

Како дел од Office 2021 пакетот ќе бидат достапни апликациите Word, Excel, PowerPoint, OneNote, а Microsoft се реши да го вклучи и Microsoft Teams за приватни корисници. Пакетот наменет и за мали бизниси ќе ја има и Outlook апликацијата.

Цената по која ќе се продава пакетот е 150 долари за Office Home and Student 2021, односно 250 долари за Office Home and Business верзијата.

Ова секако е поскапо, барем краткорочно, во споредба со Microsoft 365 пакетите кои за повеќе домашните корисници чини вкупно 10 долари месечно, односно 100 долари годишно, а тука е и предноста од 1TB простор на OneDrive за сите корисници, како и по 1 час разговори на Skype. Овие апликации добиваат и редовни надградби со безбедносни исправки и функции како што Microsoft завршува со нивното развивање.

На 5ти октомври, со пуштањето на Office 2021, корисниците на Microsoft 365 исто така ќе го добијат новиот изглед на Office кој моментално им е достапен на корисниците на Office Insider програмата.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаА1 Македонија донира за Општина Кочани за санација на опожарените предели
Следна статијаFacebook воведува групни разговори помеѓу Messenger и Instagram
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.