Бришењето на онлајн сметки е нешто што не е баш едноставно, а тоа е така затоа што компаниите кои стојат зад сервисите не сакаат да го олеснат овој процес. Не е мал бројот на луѓе кои се откажуваат од бришењето на својата сметка затоа што не можат да најдат каде се прави тоа.

Бришењето на Instagram сметката ќе стане многу поедноставно, барем за корисниците на iPhone. Ова ќе може едноставно да се направи директно преку апликацијата, нешто што претходно не беше достапно и мораше да се направи преку најавување од интернет прелистувач.

Оваа можност од Meta не ја воведоа од што сакаат да им го олеснат овој процес на корисниците, туку поради промена на правилата во App Store од страна на Apple. Во основа, апликациите кои овозможуваат креирање на нови сметки, мора да им овозможат на корисниците и нивно бришење.

За да ја избришете вашата Instagram сметка преку iOS апликацијата, се што треба е да отидете во Settings > Account, каде што е достапна можноста. Instagram секако ќе ви понуди прво да ја деактивирате вашата сметка, наместо да ја избришете.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаЗапочнува продажбата на HUAWEI WATCH FIT 2 на македонскиот пазар
Следна статијаMicrosoft тестира Stories во OneDrive
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.