Shutterstock.com

Десетици апликации кои имале повеќе милиони корисници, откриено е дека содржеле код кој собира информации за своите корисници, како што се точната локација, имејл адреса, телефонски број и слично. Овие апликации сега се повлечени и забранети на Play Store од страна на Google, но остануваат да функционираат кај корисниците кои ги имаат симнато.

Кодот во апликациите не бил развиена од програмерите на тие апликации, туку е развиена од една компанија, Measurement Systems, која се поврзува со друга компанија која има работено со владини агенции за разузнавање и национална безбедност, според откритието кое го објави The Wall Street Journal.

Според информациите, оваа компанија им плаќала на програмерите на апликациите да го вклучат нивниот код кажувајќи им дека ќе можат да имаат одредени информации за своите корисници.

Исто така, главниот интерес бил за корисниците кои живеат на Блискиот Исток, Централна и Источна Европа, како и Азија.

Кодот е откриен од страна на истражувачи во универзитетите во Беркли и Калгари, а за откритијата тие ги имаат информирано регулаторните тела во САД, како и Google.

Од отстранетите апликации имало апликации за временска прогноза, QR код скенери, апликации за полициски радари, апликации за молење и слично.

ИЗВОРEngadget
Претходна статија„Макпетрол“: 50 години од отворањето на најпрепознатливата бензинска станица во земјава
Следна статијаГрешка во кодот на Facebook овозможила прикажување на содржина која треба да биде со намален ранг
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.