Фото: Shutterstock.com

Преку извештај наменет за внатрешна употреба во компанијата до кого доаѓаат од The Verge, се дознава за проблем кој од Meta го имале со нивната мрежа Facebook изминатите шест месеци со прикажување на одредени видови на содржина на листата со новости.

Еден од главните начини на кој функционира познатиот и не ретко озлогласен алгоритам е преку намалување на рангот на одреден вид на содржина со што таа содржина нема да се прикажува или ќе се прикажува многу подолу на листата со новости.

Како пример за содржина која има намален ранг е содржина со насилство, содржина со голотија и слично. Сепак, изминатите години како проблематична содржина се смета и таква која има ставови со кои не се согласуваат самопрогласените „факт чекери“, но тоа е друга тема.

Грешката во кодот, која за првпат е појавена уште во 2019 година, започнува да прави проблеми дури во октомври минатата година, а истата е исправена од страна на програмерите во Meta на 11 март оваа година.

Поради оваа грешка, содржината која обично има помал ранг, била прикажувана повеќе, со зголемен пристап до корисниците и за 30% во одредени моменти, што значи дека била третирана како популарна содржина.

Како дел од оваа содржина била и таква поврзан со насилство, па дури, како што истакнуваат и содржина од руските државни медиуми, нешто што од мрежата најавија дека ќе го блокираат.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаGoogle повлече повеќе апликации од Play Store кои содржеле код за собирање на информации од корисниците
Следна статијаSamsung ќе развива процесори специјално за нивната Galaxy серија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.