Фото: Shutterstock.com

Google во јуни најавија дека планираат да ги спојат нивните две апликации за видео разговори Google Duo, која е наменета за приватните корисници и Google Meet, кој е наменета за бизнис состаноци, односно еден вид конкуренција на Zoom, Microsoft Teams и сличните.

Планот е да постои една апликација, а таа ќе биде Google Duo, но ќе биде преименувана во Google Meet. Тоа значи дека новата апликација ќе биде направена на основа на Google Duo, но ќе и бидат додадени функциите за состаноци од Meet.

Со оглед на тоа дека Google Duo веќе ги доби потребните функции за да може да им биде корисна и на бизнис корисниците, време дојде да се почне со ребрендирањето.

Од оваа недела Google започна со овој процес, односно етапно Google Duo ќе биде преименувана во Google Meet, а овој процес треба да заврши до септември. До тогаш корисниците кои ја имаат Google Duo преку надградба ќе добијат нова икона и апликацијата ќе се вика Google Meet.

Што се однесува до веќе постојната Google Meet, истата ќе добие додавка „original“ и истата веќе нема да добива нови функции. Кога целосно ќе заврши процесот на ребрендирање на Duo, Meet (original) веќе нема да биде достапна за симнување, но ќе продолжи да функционира уште одреден период за тие кои ја имаат инсталирано.

Google се познати по развој на доста апликации за разговори, што некогаш е тешко да се следи што се имаат и која за што се користи. Ова спојување дефинитивно е добра работа, па од компанијата сега може да се каже дека имаат една главна апликација која ќе ја развиваат за потребите на видео повици и состаноци на корисниците.

ИЗВОРgHacks
ИЗВОР 2XDA-Developers
Претходна статијаЗа да направите филмски хит од секојдневието – истражете го новиот vivo X80Pro и искористете го периодот за преднарачка
Следна статијаПреземете ја контролата над вашиот бизнис со Telekom MK апликацијата за деловни корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments