Фото: Shutterstock.com

Google се веќе одамна познати по комплицирањето на нивните производи, а посебно апликациите за разговори кои секогаш ги имале по неколку. Затоа оваа вест не треба толку да ги изненади корисниците, а можеби и конечно ќе ја поедностави ситуацијата.

Двете апликации за разговори, Google Duo и Google Meet ќе се спојат и ќе постои само една апликација. Google тоа ќе го направи преку воведување на сите Meet функции кај Duo, без да ги тргне функциите кои се моментално достапни на Duo.

По некое време, Google Duo ќе почне да се вика Google Meet, а ќе биде и главната апликација за видео разговори од компанијата. Моменталната Google Meet со тек на време веќе нема да функционира.

Разликата помеѓу овие две апликации беше тоа што Duo е замислена повеќе за брза и едноставна видео комуникација, која кога беше претставена се нарекуваше конкуренција на Apple FaceTime. Оваа апликација со текот на годините доби повеќе нови можности, како групни разговори до 32 учесници, ефекти за време на разговорите и слично.

За разлика од оваа апликација, Google Meet беше повеќе замислена како апликација за видео состаноци, односно како конкуренција на Microsoft Teams, Zoom и сличните.

Од Google очигледно сметаат дека нема потреба од апликациите да постојат посебно, па со нивното интегрирање ќе остане само една.

Доколку веќе ја користите Duo апликацијата, не треба да правите ништо, освен да ја ажурирате редовно, а доколку ја користите Meet, во месеците што следат ќе треба да се префрлите на Duo, односно новата Meet кога ќе биде променето името.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаКој е бенефитот од бесплатниот интернет пристап во Скопје Сити МОЛ?
Следна статијаПо објавата на информација за димензиите на Galaxy Fold4, сега ги имаме и очекуваните карактеристики на уредот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.