Направивме список на придобивки од бесплатниот интернет пристап во трговските центри и како може да ви се најде за најразлични секојдневни ситуации – од работа, до шопинг. Во некои ситуации можеби ќе се пронајдете, а некои дополнително ќе ве инспирираат. Едно е сигурно – следен пат кога ќе одите во Скопје Сити Мол, веднаш ќе се сетите да го вклучите бесплатниот интернет.

  1. Со самиот влез во Скопје Сити Мол, веќе ја чувствувате пријатната атмосфера, а за истата да биде уште попријатна, достапен е пристап до интернет на три точки во целиот објект, па доколку работите преку интернет, ќе можете и да одговорите на работните обврски и да прошетате и уживате во молот.
  2. Доколку го потрошите вашиот мобилен интернет додека сте на шопинг, или пак сакате да го заштедите, секогаш можете да се приклучите на тој во Скопје Сити Мол и да ја завршите неопходната работа.
  3. Доколку ви е неопходна инспирација, а не можете да ја пронајдете во домот или на работа, Скопје Сити Мол се одлично место за будење на идеите со својата динамика, раздвиженост и избор. 
  4. Со популаризацијата на “coworking“ простори, сфативме колку е важно доколку работите сам, понекогаш да ја “размрдате“ оваа рутина. Па така, во одделот за храна во Сити Мол нема ништо да ви недостасува – можете да уживате во оброк додека работите а сепак сте помеѓу луѓе.
  5. Ви снемаа батерии за маусот? Сакате да грицнете нешто додека работите? Со интернет пристапот во Скопје Сити Мол можете и да ги завршите неопходните задачи, а и доколку нешто ви недостасува, секогаш го имате буквално на само неколку чекори од вас.
  6. On-line состанокот нема потреба да биде одложен. Може да го договорите во било кое време, помеѓу шетањето низ продавници, кафето со пријатели или пак за време на пауза од шопинг.
  7. Во денешно време, кога технологијата и социјалните мрежи кај младите се “IN“ интернетот во молот може да им послужи за снимање на “TIKTOK“ видеа, со одлични кадри и пријатна атмосфера кои ги нуди молот.
  8. Сте тргнале на шопинг, но сте го загубиле списокот за пазарење, а при тоа мобилниот интернет сте го потрошиле? Нема потреба од грижа, бидејќи интернетот во Сити Мол ќе ви се најде и ќе ви послужи за некој од семејството да ви ги прати по порака на некоја од социјалните мрежи или апликациите за комуникација намирниците кои ви се потребни за пазарење.

Од она што можеме да го забележиме, бенефитот од интернет пристапот во рамки на трговските центри е доста голем, а списокот на ситуации во кои би ви се нашол е дефинитивно поголем од оние кои ги издвоивме. Она што со сигурност знаеме е дека дефинитивно ова е бонус плус на целокупното искуство кое го нуди Скопје Сити Мол.

Претходна статијаИнфинум ги отвори вратите на новата македонска канцеларија со најавени 100 вработувања
Следна статијаGoogle ги спојува Duo и Meet апликациите, во иднина ќе функционира само една