Пред да биде префрлен на побрз распоред од четири недели за нова верзија, Google Chrome уште добива нова верзија на секои шест недели. Од денес, поточно вчера вечерта, Google ја пушти најновата верзија од нивниот прелистувач, Chrome 91.

Оваа верзија, како и повеќето поради честото нивно пуштање, не донесува нешто посебно забележливи новини, па истата во главно исправа безбедносни пропусти кои ги има 32 на број.

Од нови функции кои сепак ги има, се издвојува можноста да на веб страните каде може да се прикачи датотека со отворање на File Explorer или со „drag and drop“, сега ќе може да се прикачуваат датотеките со нивно копирање, односно преку „Ctrl + V“ или со десен клик на глувчето, па на „Paste“.

Оваа новина иако мала, ќе го скрати процесот на прикачување на датотеки, а корисниците обично ја имаат отворено истата пред да ја отворат страната, па сега само може да ја копираат, а веб страните ќе го прифатат овој начин.

Додатно, Google Chrome 91 донесува и „замрзнување“ на групираните табови кои не се отворени целосно, а со тоа ќе заштеди и ресурси од системот, а исто така се воведува и можноста за стартување на PWA апликациите при вклучувањето на оперативниот систем.

Како и секогаш, Google Chrome автоматски ќе ја инсталира најновата верзија, а доколку тоа уште се нема случено и сакате да го забрзате процесот, можете сами да проверите во Help > About Google Chrome делот.

На Android обично се чека уште некој ден додека новата верзија стане достапна.

ИЗВОРgHacks
Претходна статија24 часовна Светска виртуелна турнеја со Women In Tech – следете ја панел дискусијата со македонски претприемачи
Следна статијаМакпетрол Инфо Поинт: Што значат бројките на маслото за мотор
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.