Фото: Shutterstock.com

Meta ќе почне со тргање на неколку постари функции од Facebook кои се поврзани со локациските сервиси на мобилните телефони. Објаснувањето е дека овие функции веќе не се користат толку често, а една од главните причини за тоа е секако падот на довербата во компанијата и генерално за приватноста на интернет.

Почнувајќи од 31 мај на корисниците нема да им бидат достапни функциите како Nearby Friends, Background Location, Location History, Weather Alerts. Корисниците кои би сакале да ги симнат своите податоци од овие функции, како на пример сите посетени места зачувани како локациска историја, тоа ќе можат да го направат до 1 август оваа година, по што ќе бидат избришани од серверите на компанијата.

Оваа одлука на Meta не треба да се сфати како подобрување на приватноста на корисниците. Апликациите од компанијата ќе продолжат да ја користат локацијата на корисникот секогаш кога можат тоа да го направат, само што истата нема да се користи кај функциите кои корисниците не ги користат веќе толку често.

Иако нема начин како целосно да се заштити човек на интернет, еден од начините Facebook и Instagram да не ја следат локацијата на корисниците е преку исклучување на пристапот до неа на самиот уред.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 29to5Mac
Претходна статијаHuawei Consumer Business Group влегува на пазарот на канцелариски производи со својата нова линија
Следна статијаWindows 11 изгледа ќе мора да се користи со Microsoft сметка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.