Можеби во денешно време корисниците се веќе навикнати дека мораат да имаат некаква онлајн сметка за да ги користат нивните уреди, а ова посебно важи за мобилните телефони, сепак на десктоп тоа не е секогаш праксата. Тоа значи дека компјутерите уште може да се користат како порано, односно инсталацијата на оперативен систем не подразбира и обврска на поврзување на истата со онлајн сметка.

Microsoft моментално уште дозволува корисниците да не се најават со нивната Microsoft сметка кога ги користат Windows 10 и Windows 11, а ова само не важи за Home верзиите од овие системи.

Сега изгледа исклучокот ќе стане правило, па сите корисници ќе мораат да се најават со својата Microsoft сметка при инсталацијата на Windows 11, односно при прилагодување на нов компјутер.

Можноста за креирање на локална сметка ќе остане, но дури по прилагодувањето и поврзувањето со онлајн сметката прво.

Кога ова правило ќе почне да се практикува за сите корисниците ќе видиме, но со оглед на тоа што во најновата тест верзија од Windows 11 тоа веќе е случајот, може да се очекува дека за сите корисници би било пуштено од оваа есен, односно од пуштањето на 22H2 верзија од системот.

Исклучок од овие промени ќе бидат бизнис корисниците и корисниците во образовните институции, а се разбира „enterprise“ корисниците секогаш имаат најмногу можности и се надвор од ваквите одлуки.

Причината поради која корисниците не би сакале да мораат да се најават со онлајн сметка е кратко кажано приватноста. Со најавување со онлајн сметка, сите информации кои ги собира системот за користењето на компјутерот се поврзуваат со таа сметка.

Microsoft овозможува два вида на собирање на информации, од кои основната треба да овозможи поголема приватност и собирање само на основни информации, но не и такви како историјата на отворени веб страни и слично.

Останува правилото дека корисниците кои се најмногу загрижени за приватноста при користењето на нивниот компјутер, се препорачува да користат Linux.

ИЗВОРPCWorld
Претходна статијаFacebook откажува неколку постари локациски функции од својата апликација
Следна статија„А1 Видео поддршка” – алатка за разговор во живо и одговори на најдеталните технички прашања
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.