Доколку направивте ажурирање на Facebook Messenger во текот на денешниот или вчерашниот ден, имате нова функција која можеби и не би ја забележиле ако не прочитате за истата.

Се работи за можност за цитирање на порака и одговор на истата. Ова се прави со долго притискање на порака, односно на ист начин како што до сега се правеа реакциите на пораката.

Сега е достапно ново копче од страна, со чие притискање ќе се цитира избраната порака, па ќе може да се одговори директно на истата, односно со ова ќе истакнете дека одговорот го давате конкретно на таа порака.

Ова како можност е веќе достапно во WhatsApp, е веќе одамна во Skype и е одличен начин да се истакне некоја порака, а посебно во ситуации кога имате големи разговори со некого или во групни разговори.

Facebook продолжува да воведува вакви „помали“, но корисни функции од пуштањето на поедноставената верзија на Messenger, со која акцентот се враќа на разговорите, наместо на се друго што почна да станува дел од оваа апликација.

На почетокот од месецот стана достапна темната тема за апликацијата, додека на почетокот од минатиот месец беше пуштена можноста за бришење на испратена порака за сите, во рок од 10 минути.

Доколку не ви е наместено автоматското ажурирање на апликациите, отворете ја соодветната продавница за апликации и инсталирајте ја најновата верзија од Messenger за да ги добиете сите најнови функции.

ИЗВОРVB
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаIntel прикажа слики од својата прва графичка картичка
Следна статијаGoogle почна да ги прикажува Doodles на лентата за пребарување кај Pixel уредите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.