Google Doodles, интересни цртежи и анимации кои Google ги прикажува на нивното лого на главната страна. Сигурно нема потреба од објаснување, а сите ги имате видено.

Сега овие цртежи се прикажуваат на лентата за пребарување која е достапна кај Pixel уредите. Иако се работи за мала ситница, овој додаток на главниот екран од Pixel телефоните е одличен додаток којшто може да го направи поинтересен погледот кога ќе го отклучите телефонот.

Сега за сега нема информации дали Doodles ќе почнат да се прикажуваат на Google „виџетот“, односно лентата за пребарување од Google која може да се додаде на главниот екран кај секој Android уред.

Фото: The Verge

Јас лично се надевам дека Google го има ова во план, па иако не се работи за некој функционален додаток, сепак мислам дека лентата ќе изгледа многу поубаво.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаFacebook Messenger доби можност за цитирање и одговор на пораките
Следна статијаНеограничен мобилен интернет за омилените социјални мрежи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.