Од минатата недела Messenger ја доби најавуваната темна тема на апликацијата, за двете најпопуларни платформи, Android и iOS. Сепак, тоа се’ уште не може да се нарече дека можноста е официјално достапна поради тоа што истата не е достапна за сите во прилагодувањата од апликацијата, а и не сите можеа да ја вклучат.

За потсетување, вклучувањето на темната тема сега се прави со испраќање на икона од полумесечина во било кој разговор, по што можноста за истото се појавува во Settings од апликацијата.

Од Facebook го потврдија ова и во посебна објава истакнаа дека темната тема официјално ќе им стане достапна на сите корисници во неделите што следат.

Тоа значи дека опцијата која сега треба посебно да се вклучи, со полумесечината, ќе стане достапна стандардно без потреба од дополнителни чекори.

Дополнително, темата најверојатно ќе добие неколку минимални промени и средувања кои можеби не се довршени со сегашното неофицијално пуштање.

Од Facebook исто така истакнуваат дека корисниците можат да изберат од повеќе бои со што ќе ги направат своите разговори да излгедаат подобро, а посебно тоа доаѓа до израз со темната тема.

ИЗВОРFacebook
ИЗВОР 2MacRumors
Претходна статијаРСБСП: Неколку практични совети за трудници – возачи
Следна статијаДостапни првите слики од новиот Microsoft Edge направен на основа на Chromium
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.