Од оваа недела мобилните апликации од Facebook, како и мобилните верзии од страната, добија нов изглед и организација на делот за прилагодувања, односно Settings. Од Facebook истакнуваат дека сега корисниците полесно ќе можат да ги најдат саканите прилагодувања, а тука се сите од претходната поставеност.

Прилагодувањата дефинитивно може да се каже дека не беа баш едноставен дел од апликацијата на мрежата, па од тоа што може сега да се види, тие делуваат доста поорганизирано и навистина полесни за користење.

Новиот дизајн, односно организација на прилагодувањата вклучува менување и применување на категориите, како и тргање на објаснувањето под секоја опција. Сега на корисниците им се достапни шест категории, односно Account, Preferences, Audience and Visibility, Permissions, Your Information и Community Standards and Legal Policies.

Доколку не ретко ги отворате Settings во Facebook дефинитивно сега ќе мора да побарате каде се преместени одредени прилагодувања, но истото брзо ќе го направите.

Повторно, делот за приватност има посебно копче на почетокот од прилагодувањата од каде корисниците можат да ја вклучат алатката за целосно проверување на прилагодувањата за приватност.

ИЗВОРFacebook
Претходна статијаКорисниците на Windows 10 од овој месец ќе им биде вклучено блокирањето на „потенцијално несакани апликации“
Следна статијаMicrosoft конечно ќе избере една OneNote апликација која ќе им биде достапна на корисниците на Windows
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.