Со Windows 10 May 2020 надградбата, односно со Windows 10 2004 верзијата, Microsoft Defender ја доби новата функција за блокирање на потенцијално несакани апликации или PUA – Potentially unwanted applications.

Сепак, корисниците мораа самите да ја вклучат, ако воопшто го проверуваат тој дел од прилагодувањата на Windows, со што за повеќето корисници оваа функција остана исто како и претходно, недостапна.

Од овој месец, најавија од Microsoft, блокирањето на PUA ќе им биде вклучено на сите корисници, а нив секако ќе им остане можноста да истото го исклучат или повторно вклучат кога сакаат.

Оваа функција е достапна преку Windows Security > App & browser control > Reputation-bases protection и е наречена Potentially unwanted app blocking. Во овој дел се достапни две опции, односно блокирање на апликации или блокирање на нивно симнување, функција која работи со новиот Microsoft Edge.

PUA не се сметаат за малициозен софтвер, иако според некои истите треба да почнат да влегуваат во таа категорија. Ова се апликации кои може да прикажуваат реклами, да „копаат“ криптовалути, да инсталираат други апликации како дел од нивната инсталација, да ја следат интернет активноста на корисникот за маркетинг цели и слично.

Според Microsoft овие апликации можат да доведат до забавување на компјутерот, да прикажуваат несакани реклами, како и инсталирање на софтвер кој е штетен.

Вклучувањето на оваа функција од страна на Microsoft се очекува со „patch Tuesday“ за овој месец, односно идниот вторник.

ИЗВОРXDA Developers
ИЗВОР 2BleepingComputer
Претходна статијаЕлон Маск најави дека Волтер Ајзаксон ќе напише биографија за него, Tesla и SpaceX
Следна статијаFacebook ја редизајнира Settings страната кај мобилните апликации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.