Фото: Shutterstock.com

Преку својот Twitter профил, Елон Маск најави дека познатиот биограф на Стив Џобс ќе напише биографија и за него. Во најавата Маск истакнува дека доколку сте љубопитни за Tesla, SpaceX и неговите генерални случувања, Волтер Ајзаксон пишува биографија.

Иако ова не би била првата книга напишана за Елон Маск, фактот дека Валтер Ајзаксон ќе ја пишува наредната, привлекува поголемо внимание. Овој писател за повеќето стана познат по неговата биографија за Стив Џобс, која доби доста добри оценки и беше продадена во огромни количини.

Се очекува дека биографијата за Елон Маск ќе биде напишана во сличен стил како таа за Стив Џобс, односно се очекуваат доста детали за животот на Маск, како и работата и случувањата во неговите компании.

Маск исто така истакна дека изминатите денови Ајзаксон почнал да го следи со цел почнување на биографијата.

Најави за тоа кога може да се очекува книгата нема, а не може ни да се претпостави, но штом Маск реши да ја најави, можеби издавањето може да се во блиска иднина.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаEricsson жали што Европа и натаму заостанува во воведувањето на 5G
Следна статијаКорисниците на Windows 10 од овој месец ќе им биде вклучено блокирањето на „потенцијално несакани апликации“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.