Brave е интернет прелистувач направен на отворениот Chromium код, односно истиот код на кој е направен Google Chrome, а од оваа година и Microsoft Edge. Главниот акцент кај Brave е ставен на приватноста на корисниците, како од „интернет тракерите“ за реклами, така и од самата компанија која го развива прелистувачот.

Една студија го прогласи Brave за прелистувач со најдобра приватност, а оваа апликација скоро ништо не испраќа на серверите од компанијата.

Овој месец Brave прави една година од пуштањето на првата финална верзија, односно Brave 1.0. Од компанијата излегоа со неколку статистики кои покажуваат дека овој прелистувач е популарен кај корисниците, а со тоа се покажува и желбата за поголема приватност.

Во оваа измината година, Brave ја има дуплирано бројката на корисници, поточно истата е зголемена за 2,3 пати, со што прелистувачот сега го користат 20,5 милиони активни корисници месечно. Бројката на дневни активни корисници е исто така зголемена за 2,3 пати, па така сега Brave дневно го користат 7 милиони корисници.

Од компанијата исто така истакнуваат дека овој прелистувач ја има најдобрата оценка на Play Store на Android, а со овозможувањето да се избере друг прелистувач како главен на iOS 14, Brave го има зголемено бројот на корисници на оваа платформа за 34%.

Ова покажува дека голем дел од корисниците сакаат прелистувач кој како главен акцент ја става нивната приватност. Кога на тоа ќе се додаде Chromium кодот, што го прави Brave компатибилен со сите страни, а тука е и брзината, може слободно да се очекува дека ќе претставува сериозна конкуренција на пазарот.

ИЗВОРgHacks
ИЗВОР 2Brave
Претходна статијаКамера водена од вештачка интелигенција по грешка ја следи ќелавата глава на судијата наместо топката
Следна статијаYahoo веќе не сака нивниот мејл да го користите како секундарен сервис
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.