Темата за приватноста на интернет е една од главните теми изминатите години. Скоро сите поголеми прелистувачи имаат вградено системи за блокирање на таканаречените „тракери“ од веб страните кои сакаат да го следат сурфањето на корисниците со цел да им прикажат реклами.

Ова следење сепак станува прилично големо, па иако и следењето на сурфањето е доволно прекршување на приватноста на корисниците, профилите кои се креираат за корисниците се детални и вклучуваат информации за нивната локација, уредот којшто го користат и слично.

Сепак, многу ретко кога се зборува за приватноста при сурфање се зема во предвид приватноста поврзана со информациите кои ги собира самиот прелистувач и ги испраќа на серверите од компанијата која го развива.

Заштитата од тракерите тука не прави разлика, доколку компанијата која го прави прелистувачот сака да собере одредени информации, тоа ќе го направи без разлика дали истото им е дозволено на веб страните или не.

Училиштето за компјутерски науки и статистика од Trinity College на Универзитетот на Даблин направи студија во која ги тестираше најпознатите прелистувачи за тоа дали и колку информации испраќаат на серверите на компаниите кои ги имаат направено.

Во тестирањето се вклучени Google Chrome, Mozilla Firefox, Brave, Apple Safari, Microsoft Edge (новата Chromium верзија) и рускиот Yandex.

Тестирањето е направено со цел да се види дали и какви информации испраќаат овие прелистувачи со нивните стандардни прилагодувања. Резултатите кратко кажано го ставаат Brave на првото место, како прелистувач кој не испраќа никакви информации на ниту еден сервер.

Google Chrome, Mozilla Firefox и Safari испраќаат IP адреси, како и веб страните кои корисникот ги отвара кои се поврзани со лентата за пребарување. Овие информации прелистувачите ги чуваат цело време се додека прелистувачот не се инсталира повторно.

Microsoft Edge и Yandex испраќаат и дополнителни информации покрај овие, а тие вклучуваат информации за уредот којшто се користи, а поврзаноста со корисникот останува и по реинсталација на прелистувачот, како и на било кој уред. Проблемот кај овие прелистувачи е што не постои ни можност да биде исклучено собирањето на информациите, за разлика од другите прелистувачи.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаЛинкови од разни ќошиња на интернетот (#17)
Следна статијаСупер вест за сите девојки кои сакаат да почнат со програмирање
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.