Книга што ја читам деновиве

Showboat: The Life of Kobe Bryant. Кога велам „читам“, мислам на „уништувам од читање“. За неколку дена прочитав 350 страни. Тоа ептен ретко ми се случува. Ама, книгата е многу интересна за мене, се сеќавам на Коби Брајант уште кога ги гледав Ол-Стар натпреварите што ги коментираше легендата Љубомир Николовски.

Showboat е полна со детали и описи на интересни случки од животот на Брајант уште од неговите најрани години. Колку повеќе учам за човекот, ми станува јасно како станал толкав ѕвер и во кошарката, и надвор од неа. Неговата дисциплина, волја за успех и посветеност кон усовршување беше вонземска. Штета што новите генерации нема да можат да го чујат или да се инспирираат директно од него. Ама, веќе има доволно материјал за да се научи нешто од човекот. За секој што го интересира кошарката или сака да научи повеќе за Коби, книгава е лектира.

Нетфликс серија

“My Next Guest Needs no Introduction” with David Letterman. Познатиот и поранешен ток-шоу водител, Дејвид Летерман, има серија на Нетфликс во која разговара со познати личности низ светов. Една епизода што скоро ја гледав е таа со индискиот глумец Ша Рук Кан (Shah Rukh Khan). Немав чуено за човекот претходно, ама како што ми личи од епизодата, човекот има статус на бог во Индија. Наводно, неговата публика брои над 3 милијарди обожаватели. Лудило. Не ми стана јасно зошто ужива толку популарност само од оваа епизода, ќе мора повеќе да прочепкам за него по интернетов. Да, харизматичен човек е, и делува понизно и благодарно. Но од кај толку се збудалени по него луѓево?

Трејлер за нова серија

Beforeigners. Има неколку серии во минатото што ветуваа, но на крајот разочараа, а имаат слични идеи. Една беше The 100, друга The OA. И двете се тапа. Оваа личи како да конечно ќе понуди нешто интересно. Има спој на драма, мистерија и хумор и личи како да е одлично склопена со добар кастинг. Норвешка серија, тоа може да и добро и лошо, зависи како гледате на работите. Од друга страна, ја прави ХБО, што значи дека не може да биде катастрофа.

Претходна статијаHuawei го претстави новото портфолио 5G производи, дел од стратегијата „Seamless AI Life“
Следна статијаСпоред нова студија Brave е прелистувачот со најдобра приватност, додека Microsoft Edge и Yandex со најлоша