Поради корона кризата и неможноста за присуство, барем не на стандардниот број на посетители на стадионите, еден шкотски фудбалски клуб има решено да овозможи пренос во живо на секој нивни натпревар од нивниот стадион. Ова им е овозможено на сите кои имаат купено сезонски карти, како и на сите кои сакаат да платат од натпревар до натпревар за истиот да го следат.

Во соработка со компанијата Pixellot, која работи со вештачка интелигенција, снимањето на натпреварите се прави без камермани. Следењето на топката го прави вештачката интелигенција и тоа може да се каже дека успешно се има покажано.

Сепак, на еден од натпреварите, страничниот судија се има погодено да има таква природно или избричена ќелава глава, со погодена форма и таман одбивање на светлината, да вештачката интелигенција во повеќе наврати го следи судијата, наместо фудбалската топка.

Ова иако од една страна е интересно, од друга трана покажува дека сепак системите со вештачка интелигенција се уште во почетоците на развојот и не може да се смета на нив во сите ситуации.

Во продолжение можете да погледнете видео во кое се споени ситуациите кога камерата го следи судијата наместо топката.

ИЗВОРGizmodo
Претходна статијаБрејнстер во финална селекција за престижната World summit Awards
Следна статијаBrave прелистувачот го дуплира бројот на корисници една година по официјалното пуштање
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.