Yahoo! Mail веќе одамна ја нема популарноста, а со тоа и бројката на корисници како порано кога може да се каже дека беше сервисот број 1 во светот. После долги години на пад на популарноста, дел од брендот, вклучувајќи го и мејл сервисот, беа купени од американскиот оператор Verizon, па со тоа „се спаси“ од целосно исклучување.

Од компанијата сакаат да се обидат Yahoo! Mail повторно да почне да се користи поактивно и да се гледа на брендот како конкурент на пазарот. Моменталната ситуација вклучува голем број на корисници кои имаат Yahoo адреса, но ја чуваат само поради тоа што некогаш се регистрирале на некој сервис со неа, па не им се прави процедурата за промена.

Поради тоа, доста корисници вклучуваат автоматско препраќање на пораките на други имејл сервис, со што Yahoo останува да не се користи, освен за ретките пораки кои ќе стигнат од поодамна регистрираните сервиси.

Verizon објави дека бесплатните корисници веќе нема да можат да ја користат функцијата за автоматско препраќање на пораките. Доколку сакаат да продолжат да ја користат оваа функција, достапни се неколку претплати.

Оваа промена ќе почне да важи од 1-ви јануари идната година, па доколку сте засегнати од истата, имате време да ги направите потребните промени на адресите, освен ако не сте спремни да му дадете поголема шанса на Yahoo! Mail.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаBrave прелистувачот го дуплира бројот на корисници една година по официјалното пуштање
Следна статијаWizz Air започнува со интегрирана платформа за мобилност со WIZZ RIDE овозможено од CARTRAWLER
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.