Големината на апликациите во App Store, односно фајлот кој што се симнува за да истата биде инсталирана, до сега беше ограничена на 2GB. Тоа не е ни приближно проблем за поголемиот број на апликациите кои што најчесто се помали и од 10 MB.
Апликациите кои што потенцијално може да имаат проблем со овој лимит се игрите, за кои што програмерите треба да внимаваат да не го надминат. Тоа често може да значи откажување од одредени ефекти и слични карактеристики на игрите за да се задржи големината на играта.
Apple преку нивната веб страна известија дека го зголемува овој лимит и истиот сега ќе изнесува 4GB. Каков ќе биде резултатот на игрите кои што од сега ќе може да бидат објавени ќе видат корисниците кои што веќе активно ги користат нивните мобилни уреди и таблет компјутери за овој вид на забава.
Лимитот на пакетот на апликацијата поднесена преку iTunes Connect е зголемен од 2GB на 4GB, па ќе можете да вклучите повеќе медија со вашето поднесување и да овозможите покомплетно, богато корисничко искуство по инсталацијата. Имајте на ум дека ова не го менува лимитот на големина на фајловите за симнување преку мобилните мрежи од 100MB.
Извор: Apple