Apple официјално претстави нова апликација за чие претставување можевме да прочитаме изминатите неколку денови. Апликацијата е наречена Apple Invites и истата е наменета за корисниците да организираат настани, кратко кажано.
Оваа апликација може да се каже дека доаѓа како одлична замена за Facebook настаните кои доста ретко се користат од страна на обичните корисници, па можеме да ги видиме само од страна на поголемите организатори на настани, компании и слично.
Apple Invites им овозможува на корисниците на едноставен начин, карактеристичен за компанијата, да направат настан со избор на наслов, дата и време, локација, како и главна слика.
Самата апликација има избор од повеќе слики кои може да се користат за настанот, а исто така доаѓа со интеграција на Image Playground апликацијата од Apple со што може да се направи било каква слика со помош на вештачката интелигенција.

Apple Invites исто така доаѓа со интеграција на Apple Maps, Apple Music, Photos, како и временска прогноза. Корисниците можат да видат каде е настанот и да следат насоки, можат да креираат заеднички споделени албуми, а исто така можат да креираат и споделена музичка листа.
Тоа што е до некаде не баш очекувано е што апликацијата бара претплата на iCloud+ за да може да се креира и испрати настан, но затоа прифаќањето на настаните е бесплатно за сите, а корисниците не мора ни да имаат Apple сметка или уред.
Покрај преку апликацијата, Apple Invites може да се пристапи и преку веб, каде што стигаат и поканите за корисниците кои ја немаат апликацијата или воопшто немаат Apple уред.
Апликацијата е веќе достапна во Play Store и може да се инсталира на уред со iOS 18, а не е достапна верзија за iPad или Mac.