Apple најави дека одредени држави во САД ќе почнат официјално да им дозволуваат на своите жители да ги додадат своите лични карти и возачки дозволи во Apple Wallet на нивните телефони и паметни часовници.

Со додавањето на овие документи корисниците нема да мора да ги вадат картичките и истите официјално ќе можат да ги прикажат од нивните телефон или паметен часовник. Како пример каде ќе може да се користат картичките преку Apple Wallet се дава аеродромите во соодветните држави, а се очекува дека во иднина се повеќе места ќе ги признаваат ваквите дигитализирани лични документи.

Првите држави кои ќе започнат со оваа практика се Аризона и Џорџија, додека наскоро ќе се приклучат и Конектикат, Ајова, Кентаки, Мериленд, Оклахома и Јута.

Корисниците ќе можат да ги додадат своите лични документи на ист начин како што ги додаваат и своите платежни картички во Apple Wallet. Сепак, за да може официјално да биде додаден документот, корисниците ќе треба да ги скенираат, но и да се сликаат себеси, по што соодветната држава ќе го одобри додавањето.

Како и платежните картички во Apple Wallet, личните документи се заштитени и тие не може да се користат без да биде внесена заштитата која ја избрал корисникот за оваа апликација.

ИЗВОРApple
Претходна статијаApple го одложи скенирањето на сликите на корисниците за детска порнографија
Следна статијаФилмска офанзива со кино на трева во организација на МКЦ – Скопје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.