Google оваа недела го претстави Gemma 3, наредната генерација од групата на отворени јазични модели кои им се достапни на програмерите за креирање на апликации со вештачка интелигенција.
Од компанијата истакнуваат дека Gemma 3 е направен со истата технологија и истите истражувања на чија основа е направен Gemini 2.0 моделот, односно повеќето верзии од овој модел.
Тоа по кое се разликува Gemma 3 е можноста да функционира директно од уредот на корисникот, без потреба од поголеми ресурси. Gemma 3 дури може да функционира само преку едно јадро од графичкиот процесор, односно едно јадро од Tensor чиповите развиени од Google за вештачка интелигенција.
Од Google истакнуваат неколку предности кои ги донесува Gemma 3, како што се подобри перформанси во споредба со Llama-405B, DeepSeek V3, како и о3-mini.
Со други зборови, овој јазичен модел може да се каже дека е тука поради конкуренцијата која ја направи DeepSeek и на програмерите ќе им овозможи креирање на апликации без потреба од доста поголемите и скапи јазични модели, нешто што не секогаш е потребно.