Фото: Google

Google ја претстави наредната верзија од нивниот Gemini јазичен модел, која сега официјално е стигната до Gemini 2.0. Ова е третата верзија која ја претставуваат од компанијата, по почетната верзија, па 1.5

Во тест форма Gemini 2.0 Flash, корисниците можат да ја пробаат оваа нова верзија од јазичниот модел уште веднаш преку Gemini апликацијата, односно Gemini „четботот“ кој е достапен преку веб и преку мобилни апликации. 

Како што би се очекувало, новата верзија доаѓа со поголема способност во сите аспекти на функционирање на овој уште од почеток повеќе модален јазичен модел. Тоа значи дека Gemini уште од почетокот е направен да функционира преку текст, слики, видеа и аудио, а со најновата верзија оваа повеќе модалност доаѓа и кај одговорите, односно резултатите кои ги генерира. 

Од тест резултатите кои се прикажани при најавата на Gemini 2.0, може да се види дека овој модел донесува подобрување кај сите аспекти на функционирање, односно генералното давање одговори, работата со код, математика, расудување и слично. 

Тоа што го прави поразличен моделот, од каде доаѓа и верзијата 2.0, е што Gemini 2.0 се смета за модел направен за иднината кога агентите на основа на вештачка интелигенција ќе бидат доста корисни за компаниите и генерално корисниците кои ќе ја користат генеративната вештачка интелигенција. 

Најавата и пуштањето на ВИ агенти веќе ја гледаме од конкурентите, а тие во основа претставуваат специјализирани „четботови“ направени со конкретна цел, односно решавање на одредени задачи и проблеми. 

„Денес со задоволство ја најавуваме нашата следна ера на модели изградени за оваа нова агентска ера: го претставуваме Gemini 2.0, нашиот најспособен модел досега. Со нови напредоци во мултимодалноста — како изворен излез за слики и аудио — и природна употреба на алатки, тој ќе ни овозможи да создадеме нови AI агенти кои ќе нè приближат до нашата визија за универзален асистент.“ – истакна Сундар Пичаи, директорот на Google и Alphabet. 

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаНаредната поголема Apple Intelligence функција доаѓа во април идната година со iOS 18.4
Следна статијаPhone Link на iPhone ќе добие поддршка за споделување датотеки помеѓу iPhone и Windows компјутерите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.