Една недела по пуштањето на Ultra 1.0 верзијата и ребрендирањето на Bard во Gemini, Google ја претставија наредната генерација од нивниот голем јазичен модел, Gemini 1.5.

Според компанијата, се работи за доста голема надградба, односно истата донесува драматично унапредени перформанси и е наредниот чекор во работата со вештачката интелигенција.

Новата генерација од големиот јазичен модел од Google ќе стане достапна преку Gemini 1.5 Pro верзијата, односно верзијата од моделот која е наменета за повеќето корисници. Истата, односно Pro верзијата се користи кај Gemini „четботот“ кој е достапен бесплатно за сите.

Gemini 1.5 Pro ќе дојде со доста поголем број на таканаречени „токени“, со што ќе се овозможи работа со доста поголем текст, како и слики, видеа, аудио и код. За споредба, Gemini 1.0 поддржува до 32.000 токени, додека новата верзија од моделот поддржува до 1 милион токени, а Google го имаат тестирано успешно и со 10 милиони.

За токените да бидат појасни, поддршката до 1 милион овозможува анализа и работа со околу 700.000 зборови за текст, односно 1 час на видео, 11 часа аудио и повеќе од 30.000 линии на код.

Како пример за способноста на Gemini 1.5 Pro, Google прикажуваат анализирање и сумирање на преписот од Apollo 11 мисијата на Месечината, кој е со големина од 402 страни.

Google ја споредува способноста и перформансите на Gemini 1.5 Pro со Ultra 1.0, а истакнува дека новата генерација е за 87% побрза од Gemini 1.0.

На почетокот од објавата директорот на Google посебно внимание посвети на безбедноста при развојот на големите јазични модели и генеративната вештачка интелигенција.

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаChatGPT добива „меморија“ за да ги запамети карактеристичните информации за корисникот
Следна статијаMicrosoft Edge веќе не ги „краде табовите“ од Google Chrome
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.