Очигледно е, иако не изненадува, дека Apple не се приклучија на трендот од нивните конкуренти и не почнаа со интеграција на генеративната вештачка интелигенција во сите нивни производи.
Иако од компанија одамна користат вештачка интелигенција, односно голем дел од нивните производи функционираат со помош на истата, генеративната вештачка интелигенција слободно може да се стави во категоријата на револуционерна во своите способности.
Apple типично не се реши веднаш да влезе на пазарот со свој конкурент на ChatGPT и другите, а како и секогаш, причината за тоа е усовршувањето на нивните модели и исправката на грешките за кои конкурентите добиваат критики.
Сепак, повеќе пати можевме да прочитаме дека Apple активно работи на развој на сопствен голем јазичен модел, а како доказ за истото може да земат и купувањето на повеќе компании од областа уште од 2017, огласите за работа, вработувањата, објавата на студии и слично.
Сето ова ги зголемува очекувањата за годинешната WWDC конференција на која се очекува Apple да ги презентира своите алатки и интеграција на генеративната вештачка интелигенција.
Тоа што се најавува веќе неколку пати е дека од компанијата работат да нивните алатки функционираат локално, односно директно од уредот, па да нема потреба од поврзување со серверите.
Една од предностите на овој пристап е секако приватноста и безбедноста, нешто по кое се познати од компанијата.
Се очекува дека Siri ќе почне да функционира на основа на новиот голем јазичен модел од Apple, со што овој асистент ќе стане доста поспособен од сега. Исто така, се очекува дека нема секоја апликација да добие интеграција со ВИ како што тоа го прави Microsoft, па се очекува точна имплементација кај апликациите каде е потребно со конкретна намена. Пример кој може да се очекува е можноста за компресија на видеа, со што би се намалила нивната големина.
WWDC 2024 стандардно ќе се одржи во јуни, а до тогаш сигурно ќе прочитаме уште нешто, но главните откритија ќе останат за конференцијата.