Додека Microsoft, OpenAI и Google активно работат на развојот на генеративната вештачка интелигенција и големите јазични модели, а резултатот во главно го прикажуваат преку нивните „чет ботови“, Apple се чини дека стои на страна.
Тоа не значи дека компанијата нема никаков развој и интеграција на вештачка интелигенција, тоа сепак одамна е започнато, но од компанијата не делува дека се заинтересирани конкретно во делот на конкуренција на ChatGPT и сличните алатки.
Од Apple се очекува дека нивниот конкурент на ChatGPT и сличните би била Siri, односно од компанијата нема да направат класичен бот, па нова технологија би била интегрирана во веќе постојниот дигитален асистент кој сега доста заостанува со своите способности.
Тоа што може да се дознае досега е од истражувачки трудови кои ги објавуваат од компанијата, па покрај еден кој е поврзан со можноста за генерирање на дигитални „аватари“, објавен е уште еден кој покажува нешто посериозна работа на овој план.
Apple работат на можноста да големите јазични модели функционираат на уреди со помала RAM меморија, односно тоа веднаш асоцира на iPhone телефоните. Од тоа може да се заклучи дека од компанијата планираат да можат да овозможат функционирање на вештачката интелигенција без потреба од поврзување со серверите на компанијата, а тоа најчесто се прави и поради причини поврзани со приватноста.
Начинот на којшто тие го решаваат проблемот со помалата меморија е преку користење на виртуелна меморија, нешто што веќе е познато и се користи како практика кај компјутерите.
Што и да се очекува од Apple на овој план, изгледа ќе го видиме најрано во јуни на нивната WWDC конференција, а за корисниците ќе биде пуштено во есен со наредните генерации од нивните оперативни системи.