Фото: Shutterstock.com

Група од 21 научник за првпат после повеќе децении успешно открива нова класа на антибиотици, нешто што е доста важно како откритие во време кога светот се соочува со резистенција на постојните од страна на бактериите.

Очекувано, поради напредокот и популарноста изминатите година дена, откритието е направено со помош на вештачката интелигенција, поточно конкретни модели на таканаречено „длабоко учење“.

Откритието, кое е објавено во магазинот Nature и веќе е проверено од други научници, е направено од страна на научници од MIT, Broad Institute of MIT and Harvard, Integrated Bioscience, Wyss Institute for Biologically Inspired Engineering, како и Leibniz Institute of Polymer Research.

Научниците во процесот на нивното истражување имаат направено виртуелно испитување на повеќе од 12 милиони соединенија „кандидати“, а резултатот е идентификувањето на новата класа на антибиотици.

Потребно е продолжување на истражувањето и тестирањата за да сигурно се потврди можноста да се надмине проблемот со резистентност на моменталните антибиотици, но од тоа што досега е објавено, очекувањата се оптимистички.

Научниците ги имаат тренирано моделите на вештачка интелигенција да можат да ја предвидат активноста и токсичноста на соединенијата.

Методот кој е користен за ова откритие ќе се користи во иднина и за други медицински откритија, односно на овој успех треба да се гледа и пошироко од само откритието на нови антибиотици.

Вештачката интелигенција, покрај можните негативни влијанија за кои се предупредува, јасно е дека ќе има многу големо позитивно влијание, а посебно во науката и медицината.

ИЗВОРSciTechDaily
ИЗВОР 2Nature
Претходна статијаSnapdragon X Elite е побрз од Apple M3, тврдат од Qualcomm после нивните тестирања
Следна статијаApple остануваат зад конкурентите кога е во прашање генеративната вештачката интелигенција, но сепак работат на свои долгорочни планови
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.