Фото: Shutterstock.com

Дека сопствениците на најголемите платформи кои се користат во денешно време користат не баш фер тактики за промовирање на нивните производи е одамна познато. Од Mozilla решија дека е време да го истакнат тоа малку погласно, а голем удел во тој став е и се поголемиот притисок кој доаѓа од страна на регулаторите, а посебно во ЕУ.

Од организацијата која стои зад развојот на еден од најпознатите интернет прелистувачи, излегоа со статија во која ги истакнуваат некои од проблемите со кои се соочуваат при развојот на нивниот Firerox.

„На пример: отежнување за корисниците да симнат и користат различен прелистувач, игнорирање или ресетирање на прилагодувањата за главен прелистувач, ограничување на можностите за прелистувачот од компанијата која стои зад платформата или ограничување на прелистувачот од трета страна да мора да ја користи технологијата од платформата.“ – истакнуваат од Mozilla.

Кога се „жалат“ од Mozilla јасно е на кои компании се мисли. Тука се Apple и нивниот iOS и macOS, Microsoft и нивниот Windows, како и Google со Android.

Од организацијата објавија и страна на која ги имаат објавено проблемите кои ги имаат со секоја од компаниите, односно нивните платформи, а до ден денес не се решение, па остануваат отворени.

Најголем број на проблеми Mozilla има со Apple, десет, додека со Microsoft и Google има по три. Листата може да се погледне тука.

Од Mozilla истакнуваат дека со години тие се обидуваат да имаат дијалог со овие компании за да се решат проблемите. Корисниците на крајот добиваат кога има поголем избор, а и добро истакнуваат дека некои го избираат пократкиот пат, наместо понуда на најдобриот избор.

„Луѓето заслужуваат избор, а изборот бара постоење на остварливи алтернативи. Алтернативите и конкуренцијата се добри за секого, но можат да процветаат само ако полето за игра е фер. Не е денес, но исто така не е тешко да се поправи ако сопствениците на платформата сакаат да го сторат тоа.“

ИЗВОРApple Insider
Претходна статијаApple ги засилува плановите за претставување на генеративна вештачка интелигенција кај нивните производи
Следна статијаGoogle Photos добива можност за групирање на сличните слики
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.