Човековата интеграција со технологијата од ден на ден постојано се зголемува и се усовршува – од секојдневните активности што се извршуваат на персоналниот компјутер, па сѐ до научните достигнувања кои овозможуваат да се размислува за колонизација на Марс. Оваа континуирана технолошка еволуција наложува динамично и креативно делување во рамките на бизнис секторот, за да може во него да се напредува, а и општо да се остане конкурентен на домашниот и светскиот пазар.

Сегашноста е дигитална, а иднината никого не чека, особено кога таа се стреми кон глобална унификација на технолошко поле. Иновациите во сферата на информациските и комуникациските технологии несомнено ја менуваат економијата сосе начините на кои се формираат и изведуваат бизнис стратегиите.

Технолошката конвергенција на електронски и дигитални продукти овозможува поедноставување на работниот процес во секоја индустрија, односно во најразлични видови претпријатија – од шпедиции и банки до приватни стоматолошки ординации. Дигитализацијата на бизнисите го осигурува учеството во пазарниот натпревар, без оглед дали се работи за мали, средни или големи претпријатија. Услугите во информациските и комуникациските технологии што ги нудат компаниите како Македонски Телеком создаваат поле за иновативни дигитални решенија за подобрување на работните процеси и отворање можности во сите индустрии, за најразлични бизниси.

Дигитализацијата на бизнисот ја зголемува продуктивноста, ја зголемува регулацијата на квалитетот на производите, од самиот процес на производство до логистичките процеси кои го носат готовиот производ безбедно до потрошувачот. Но, оперативните бенефити од дигитализацијата во рамките на еден бизнис се наоѓаат пред сè во различните можности за поврзување и колаборација помеѓу вработените. Софтверските решенија како Pantheon Cloud ги покриваат сите аспекти на еден бизнис: од нарачки и фактурирање, сметководство и плати, до управување со производството и деловна аналитика. Брзото и безбедно споделување информации кои се временски осетливи, групната пристапност до важна документација, како и дигиталните потписи достапни преку мобилен уред, драматично го менуваат начинот на кој може да функционира една компанија. Со користење на решенијата како виртуелен диск бизнисите можат да имаат пристап до нивните документи во секое време, од кое било место во светот, а алатките како дигитални сертификати и временски печат ги зголемуваат безбедноста и интегритетот на електронските документи.

Со користење дигитални решенија преку партнерство со компании како Телеком коишто нудат поврзување, одлична инфраструктура и безбедност на податоците, дури и најмалите бизниси можат да се дигитализираат без да вложуваат големи суми во сопствени системи и без грижа за нивно одржување. Безграничниот простор на интернетот уште во минатиот век предизвика разновидни комплексни промени во начинот на кој човекот опстојува во општеството, бизнисот, па дури и политиката и уметноста. Но, она што досега било една нејасна и непредвидлива сила на технологијата во овие сектори, сега станува ефективна и конкретна моќ за водење сопствен бизнис.

Овозможувањето непрекинат пристап до безбедни линии на комуникација и до дата центри во кои информацијата се складира во посебна хардверска инфраструктура е еден од доминантните чекори во модернизирањето на работата на една компанија. Дотолку повеќе, тоа е еден смел потег кон интегрирањето на бизнисот во технолошката иднина на човештвото.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.