Во време на хиперпродукција на текстови за секоја тема, соодносот на квалитет vs квантитет е 1:10 – читаш 10 работи, 1 вреди. Затоа е добро кога се споделуваат квалитетни содржини, кога некој веќе го направил скринингот. Затоа често објавуваме вакви текстови со препораки на содржини. Во случајов, за криптовалути, генерално.

  1. Our money problems aren’t technology problems. They are monetary policy problems”, од Ентони Помплиано. Станува збор за текст во кој Помплиано го зборува она што го пишував во колумните за централните банки и националните дигитални валути – Биткоин не е (само) технолошка иновација туку иновација во целиот монетарен модел и политики. Централните банки не можат да се променат. Нивната природа е тесно поврзана со политичкиот постоен монетарен модел во кој контролата на парите е централизирана, монополизирана и предмет на политичко-економски манипулации/промени. 
  2. Announcing the ZEBEDEE Developer Dashboard & Unity SDK. Гејмингот е индустрија вредна 120 милијарди долари и ќе продолжи да се развива сериозно во иднина. Огромни средства се слеваат во оваа индустрија, а и самите игрици развиваат различни модели на „внатрешни пазари“. Криптовалутите од типот на Биткоин се се’ природен money of choice за видео игрите. Крипто старт-апот ZEBEDEE лансира нова алатка за програмери на видео игри (Unity SDK) со што би се интегрирал Биткоин со видео игрите. Користење на сатоши (1 Биткоин = 100,000,000 сатоши) за in-game купувања има смисла. И имате една валута која би се користела низ цел спектар на видео игри – купувате/заработувате сатоши во една игра, можете да ги користите во друга, или да ги искористите во „реалниот свет“. Ова звучи како ветувачки проект за сите – и за Биткоин и за видео игрите.
  3. A Home Defense Primer, од Џејмисон Луп. Ова е малку поинаков текст и е напишан за оние кои имаат поголема количина на заштеда инвестирано во крипто или пак за кога Биткоин би бил подоминантен монетарен модел и секој би бил своја банка, во одредена смисла. Очигледно, за луѓе со станови како претежно во МК, клучно за безбедноста е типот на вратата. Поентата на текстот е, иако опфаќа многу елементи од безбедност, дека твојот дом треба да биде едноставно „потешка“ мета за обивање од останатите станови во околината.
Претходна статијаTwitter тестира своја верзија од познатите Stories наречена Fleets
Следна статијаPickbox NOW стана член на сојузот European VOD Coalition
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.