Објавувањето на слики или видеа, со можност за додавање на текст, икони, gif слики и слично, кои се прикажуваат на посебно место од апликацијата, а исто така имаат рок на траење од 24 часа започна со Snapchat, но вистински доби на популарност на Instagram.

Повеќето корисници оваа функција во денешно време ја знаат како Stories, а прашање на време беше кога и Twitter ќе воведе нешто вакво, со оглед на тоа што веќе нема друштвена мрежа или друга апликација која не нуди некоја своја верзија од функцијата.

Fleets ќе биде името на ваквата функција на Twitter, а моментално започна со тестирање во Бразил. Дали и кога би била пуштена за сите корисници не е познато, но истото би требало да се случи, делува дека ваква функција на Twitter би била одлично прифатена.

Името на функцијата е директно поврзано со начинот на којшто функционира истата. Flee на англиски значи нешто да избега, а токму такви ќе бидат и овие објави кои веќе нема да бидат достапни после 24 часа.

Како и на другите мрежи, Fleets објавите ќе се прикажуваат на горниот дел од апликацијата, ќе може да содржат слики, видеа, текст, gif анимации и слично. Корисниците нема да може да коментираат или да ги лајкуваат овие објави, односно само ќе можат да напишат директна порака или да стават реакција која ќе ја види само тој што има објавено Fleet.

Како што би било очекувано, Fleets ќе може да се гледаат од корисниците кои го сладат корисникот којшто ја прави објавата, а испраќањето на пораките ќе зависи од прилагодувањата на корисникот од кого да може да добива пораки.

Twitter
ИЗВОРPhoneDog
Претходна статијаBetter Call Saul: Петта сезона
Следна статијаТри нови must-read содржини за Биткоин
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.