Shutterstock.com

Центарот за демократија и технологија (CDT) редовно објавува извештаи за најактуелните случувања во светот на технологијата во Европската унија. Ова се 3-те најинтересни активности во 2019 година извечени од нивните месечни извештаи.

1 – Дезинформации

Европската комисија во јануари ги објави првичните резултати од имплементација на Кодексот против ширење дезинформации кој ги натераа приватните техн. компании да го потпишат. Еден од поголемите проблеми е очекувањето дека приватните компании, особено друштвените мрежи, ќе обезбедат ефикасни алатки за пријава на лажни вести. Проблемот е што истражувањата покажуваат дека овие алатки се злоупотребуваат од корисниците – граѓаните не пријавуваат лажни вести, туку вести кои не им се допаѓаат од политички или други необјективни причини. Дали најдобрата политика е социјалните медиуми и Државата да не се меша воопшто?!

2 – Усвојување на Директивата за заштита на авторските права

Контроверзната Директива за заштита на авторските права беше усвоена од Европскиот парламент на 26-ти март годинава, со што се воведе т.н. link tax и „машини за цензура“. Со други зборови, се воведе забрана да цитирате туѓ текст без дозвола на авторот макар и да го линкувате изворот како и ги обврзува онлајн платформите/сајтовите да обезбедат дека содржината на нивниот сајт е ок од аспект на заштита на авторските права.

Дефинитивно најконтроверзниот акт во ЕУ во оваа област. Патем, Полска веќе и ја предизвика Директивата пред Европскиот суд како „диспропорционална мерка која поттикнув цензура и ја загрозува слободата на изразување“.

3 – Годишнина од Генералната директива за заштита на личните податоци

На 25-ти мај беше годишнина од една од најамбициозниот закон во ЕУ за заштита на личните податоци, познатата GDPR. По усвојувањето на GDPR 100,000 жалби за заштита на приватноста биле поднесени кај локалните регулатори, што укажува на зголемена свесност кај граѓаните. Само мал број од нив воделе кон казни за компаниите – вкупно 55 милиони евра биле платени како казни поради повреда на GDPR но 50 милиони беа од Гугл.

Секако, GDPR не е без нус-ефекти. На пример, ако ви го хакира некој user-от може да го искористи правото на пристап да стигне до сите ваши податоци. Правото да се биде заборавен е во конфликт со правото јавноста да знае за некои неетички дела на некого, итн.


Се на се, забавна година во ЕУ. Иако се случуваат многу работи, генерално работите одат кон пре-регулација и притисок врз друштвените медиуми да бидат построги gate-keepers на содржината, што на крај најверојатно ќе има chilling ефект над говорот на граѓаните.

Претходна статијаOppo официјално ја претстави својата „камера под екранот“ која ќе биде достапна во некој смартфон во блиска иднина
Следна статијаBrainster ја отвори првата Data Science академија во Македонија и регионот
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.