Продолжуваме со серијалот „предлог на неделата“ каде што дискутираме впечатливи текстови од Интернетот (претходните два предлози: „Генијалноста на LinkedIn“ и „Кој се замара за приватност“).


Пополека се ближат летните одмори. Период и на фестивали и концерти, продолжени викенди. Во голем дел од организирањето на патувања и авантури е и организација на сместување, често преку Airbnb. И ако успеавте да ја фатите веста од неделава најверојатно знаете дека гостин во Airbnb сместување нашол скриена непријавена камера во детекторот за чад во дневната (секако, спротивно и на правилата на Airbnb).

Секако, ваков тип на грубо нарушување на приватноста може да ви се случи секаде. Добрата вест е дека постојат релативно едноставни начини за нас не-ИТ експертите да направат проверка на сместувањето за скриени камери.

Предлогот од оваа недела е одличен текст на Арон Мек од Slate: How to Scan your AirBnb for Hidden Cameras кој го објаснува токму ова. Според него, скен на сместувањето за скриени камери „не бара ниту посебна експертиза, ниту скапа опрема“. Постојат повеќе апликации кои се користат за ваков тип на скенирања – јас ја пробав дома AngryIPScanner, која е едноставна и функционална и вклучува и скен на мрежата и скен на портовите.

Арон Мек го објаснува ова подетално, но поентата е дека повеќето апликации ги имаат двете функционалности. Еден од ИТ експертите кој го ре-отвори ова прашање последниов пат има напишано краток водич како да се провери убаво дали сместувањето има скриени камери.

Прво треба да се поврзете на мрежата. Ја активирате апликацијата и правите скен. Скенот ви покажува кои уреди се закачени на мрежата. Ако некој од уредите ви е сомнителен, следен чекор е да направите проверка на port-от (скен на port е опција на повеќето апликации). Доколку има скриена камера скенот ќе ви прикаже податоци како на сликата подоле.

Последните податоци покажуваат дека на камерата може да се пристапи од четири места (81/tcp open hosts2-ns; 554/tcp open rtsp…). Овие rtsp и rtmp укажуваат на портови кои се користат за видео снимање.

Во однос на скен на wi-fi скриени камери, проблемот е што може да ја фатите на скен камерата само ако двајцата сте закачени на истата мрежа. Во спротивно, ќе мора да проверите old school way, мануелно што и е потешко поради „камуфлажата“ на камерите, но и за ова исто има совети во водичот погоре.

Travel safe.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.