Shutterstock.com

Да го земеме како пример промовирањето на Cybertruck. И покрај тоа што имаше огромни критики поради катастрофалната демонстрација со кршење на стакло претставено од Tesla како „отпорно на нуклеарки“, Tesla собраа 200.000 преднарачки. Значи, 200 илјади луѓе направиле нарачка на нешто што не е ни тргнато во производство и што очигледно бара уште многу работа и испукани куршуми во стакло. Ford 150, најпродаваниот автомобил за 2018 година, има продажба од еден милион возила за истата година. Пазарната вредност на Tesla е поголема од таа на General Motors, Ford и Fiat Chrysler. Заедно.

Тоа е знак на доверба, пред се. Доверба во Tesla и Елон Маск.  

Харвард Бизнис Ривју имаат убава анализа на стратегијата зад успехот на Tesla. Таа може да се сведе на привлекување на внимание и на инвестирање во своите темелни производи.

Првиот дел од оваа стратегија (привлекување на внимание) се прави со промоција на возила како Cybertruck. Односно, со правење на навидум налудничави производи со sci-fi appeal (реално, Cybertruck изгледа како да е искочен од Матрикс или Блејд Ранер). Истото важи и за нивните најскапи возила, како Roadster 2.0 („најбрза кола некогаш направена“). Тие служат како „замајување на јавноста“ и собирање на средства кои ќе се вложат во нивните „поважни производи“ како Модел 3 или Модел С. За иновацијата што сакаат да ја донесат во светот, овие последни возила се клучни за Tesla. Но, не се толку светкави или бомбастични за најава како Cybertruck.

Вториот дел од стратегијата е самиот Маск. Според ХБР, инвеститорите мора да видат од една компанија способност за публицизирање на нивните идеи и иновации но и способност да ги материјализираат. Маск го носи тоа во Tesla. Кога ќе твитне, се руши интернетот, кога ќе отиде на гости кај Џо Роган и ќе проба џоинт, светската берза се поместува. Маск е мајстор за привлекување на внимание. Но, има и минати успеси кои докажуваат дека е способен претприемач, што е исто така важно за оној што сака да инвестира во неговите компании.

Третиот дел од стратегијата за успех на Tesla е тоа што самите си го олеснуваат животот. Нивниот екосистем на производи и услуги од бесплатни станици за полнење на батериите на Tesla возилата, уникатниот софтвер, фабриките за производство на батерии за нивните возила ги привлекуваат и муштериите (кој не сака да вози без да плаќа за гориво?) и инвеститорите, знаејќи дека најважниот и најпроблематичен дел од производството на електрични возила (батериите) се под контрола на компанијата што ги произведува.

Tesla имаше напорна и турбулентна декада, ама изгледа е тука за да остане.

Претходна статијаНесекојдневен спој на њујоршкиот шик и иновативната технологија
Следна статијаКомплицираниот однос на нуклеарните централи и климатските промени (2/2)