Што може да се очекува од новиот Microsoft Edge моментално во тест фаза?

Microsoft Edge направен на основа на Chromium донесува доста интересни новини, а Microsoft ги прикажа дел од нив на Build 2019 конференцијата

Новиот Microsoft Edge, односно Edge сега направен на основа на Chromium, веќе е достапен за симнување и може да се користи од сите заинтересирани.

Тој сепак е во фаза за тестирање од страна на програмерите, па бета верзиите кои ќе го прикажат прелистувачот во скоро завршена фаза, уште не се достапни.

Од тоа што до сега може да се види, Microsoft Edge е брз и компатибилен прелистувач со сите веб стандарди, а изгледот е преземен од старата, односно моменталната верзија достапна на Windows 10. Доста од очекуваните функции не се уште достапни, а на Microsoft Build 2019 конференцијата, од компанијата ни ги прикажаа некои од поинтересните кои може да ги очекуваме.

Алатки за приватност

Нешто што стана популарно кај дел од другите Chromium прелистувачи, а посебно Brave, како и кај Mozilla Firefox, ќе биде дел од Microsoft Edge. Корисниците ќе можат да изберат самите кое ниво на блокирање на таканаречените „тракери“ сакаат да го вклучат, односно ќе имаат и можност целосно да ги блокираат.

Тоа значи дека кодот од други страни, односно од платформите за рекламирање, нема да може да го следи сурфањето на корисниците доколку е вклучено блокирањето. Со тоа се добива одредено ниво на приватност, иако знаеме дека онлајн скоро никогаш не може да се очекува целосна приватност.

Трите нивоа кои ќе бидат достапни во Edge се исклучено блокирање на тракерите и колачињата, вклучено меѓутоа на за сите страни и тракери и целосно блокирање, за кое се нагласува дека може да направи некои страни да не функционираат како што треба.

Internet Explorer режим

Како што има уште доста компании кои уште го користат Windows 7, така има уште доста компании кои користат постари веб апликации направени пред повеќе години. За да можат да ги користат, овие компании го користат Internet Explorer 11, прелистувач на кого и се развиени апликациите.

Microsoft Edge ќе има Internet Explorer режим којшто ќе овозможи да овие постари веб апликации можат да функционираат на него, без потреба од вклучување на IЕ. Тоа значи дека конечно Microsoft ќе може да почне да не го вклучува овој застарен прелистувач со Windows 10, па корисниците да имаат еден прелистувач за своите потреби.

Колекции (Collections)

Ова е можеби најинтересната новина која ќе стане дел од Microsoft Edge. Collections овозможува собирање, организирање и споделување на содржина од разни страни, како што истакнува Microsoft.

Со други зборови, Collections ќе овозможи да корисниците организираат белешки на разни теми, во кои ќе ставаат слики и текст од различни страни. Со тоа ќе ги зимаат само потребните работи од нивното истражување на одредена тема.

Интересно, овие колекции потоа можат да се споделат со Excel и Word, а со помош на вештачка интелигенција, сето тоа ќе биде организирано во целосно готови документи.

Тест верзиите од Microsoft Edge се достапни на овој линк и веќе можете да го пробате, па да ги почекате и новите најавени функции.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаGame of Thrones: Сезона 8, епизода 4, Последниот Старк
Следна статијаMicrosoft го претстави Windows Terminal – со отворен код и достапен преку Store од ова лето
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.