Фото: Shutterstock.com

Нешто што за доста луѓе е познато одамна, сега официјално беше кажано од страна на основачот и директор на компанијата која стои зад неколку од најпознатите друштвени мрежи. 

Марк Закерберг во интервју кај Џо Роган изјави дека администрацијата на Бајден вршела голем притисок за тргање на објави од мрежите под Meta, односно Facebook, Instagram, а подоцна и Threads. 

Ова интервју доаѓа по целосната промена на ставовите и политиката на Закерберг и Meta, а директно под влијание на победата на Доналд Трамп на ланските избори во САД. Победата на Трамп беше доволно голема за да има вакво влијание, односно тој не само што ги доби мнозинството до гласовите од изборниот колеџ, тој го доби и таканаречениот популарен глас, односно и мнозинството од вкупното население во целата земја. 

Закерберг во интервјуто кај Роган, кое е карактеристично долго за овој подкаст и трае скоро три часа, објаснува за постепеното влијание кое властите го имале врз објавите на мрежите од Meta. 

Како главен период кога влијанието се зголемува се истакнува 2021 кога се започнува со пуштањето на вакцините за Ковид-19. Уште тогаш почна да станува јасно дека не е се како што треба, а посебно со начинот на наметнување на вакцините и ограничувањето на слободата на движење на луѓето кои не се вакцинирани. 

Тогаш недокажаните вакцини кои поминаа на толку јавно објавен тест период постепено стана јасно дека го немаат саканиот ефект врз заштитата на луѓето, а уште помалку врз ширењето на болеста која исто така слободно може да се каже дека не беше сериозна до степенот до кој што се тврдеше. 

Според Закерберг, властите барале од нив да ги тргнат сите објави кои биле против вакцините, дури и тие кои имале логични и точни информации. Претставниците на администрацијата на Бајден наводно им викале и ги пцуеле вработените на Meta кога тие не сакале да тргнат некои објави. 

Влијанието врз слободата на изразување од страна на властите и цензурата која ја вршат друштвените мрежи е позната уште пред „корона“ кризата, но со истата работите излегоа повеќе на површина и стана скоро невозможно да се негираат. 

Целото интервју на Марк Закерберг кај Џо Роган можете да го погледнете во продолжение. 

ИЗВОРPCMag
ИЗВОР 2The Hill
Претходна статијаДали Samsung ќе претстави четврт и потенок модел заедно со Galaxy S25 серијата?
Следна статијаLynk&Co 01 пристигна во Македонија: Нов стандард за иновативна мобилност
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.