Фото: Shutterstock.com

Samsung ќе ја претстави Galaxy S25 серијата на 22 јануари, односно идната среда. Galaxy Unpacked настанот, исто како и минатата година, ќе се одржи во Сан Хозе, а ќе може да се следи во живо преку YouTube. 

Очекувањата за Galaxy S25 серијата се големи, од користење на Snapdragon 8 Elite кај сите свои модели секаде во светот, па се до големите новини кај One UI 7 кои во голем дел ги донесуваат добрите делови од iOS 18. 

Стандардно претставувањето на Galaxy S серијата вклучува три модели, па соодветно треба да биде претставени Galaxy S25, Galaxy S25+, како и Galaxy S25 Ultra. За Ultra моделот се очекува да дојде со заоблен дизајн, односно заоблени агли, како и рамен екран. 

Веќе можевме да прочитаме дека Samsung планираат да им конкурираат на Apple за нивниот се’ уште неофицијален потенок iPhone, со тенка верзија од Galaxy S моделите. 

Претставувањето на неофицијално наречениот Galaxy S25 Slim се повеќе се најавува за идната недела, односно заедно со останатите модели со што наводно Samsung на Galaxy Unpacked идната недела треба да претстави четири модели. 

Недостапноста на ниту една неофицијална слика прави да веруваме дека овој телефон нема да биде претставен, но за нешто повеќе од една недела ќе видиме што навистина ќе биде случајот. 

За „Galaxy S25 Slim“ се најавува дека треба да дојде со дебелина од само 6,5 милиметри, а за споредба повеќето други уреди имаат дебелина од околу 8 до 9 милиметри. 

За телефонот се очекува дека ќе дојде со екран со големина од 6,66 инчи, а ќе работи исто како другите на Snapdragon 8 Elite. Кратко кажано, се очекува дека се работи за уред од највисоката класа како и другите, кој ќе биде доста потенок од нив, а соодветно се очекува и повисока цена, слична со таа на Ultra моделот. 

ИЗВОРGSMArena
Претходна статијаНаредната година може да се очекува подобра технологија за батерии кај повеќето смартфони
Следна статијаМарк Закерберг ги откри притисоците кои им биле правени од страна на властите во САД, посебно за време на „корона“ кризата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.