Именувањето на новата верзија на оперативниот систем Windows на Microsoft наиде на бура на реакции на интернет од многу луѓе кои без разлика на се’ сакаат да знаат зошто новиот оператиен систем е наречен Windows 10, а не Windows 9.
Логично би било доколку се започне со именување од Windows 7, да следи прогресија кон поголемиот број со секоја нова верзија. Меѓутоа на reddit може да се прочитаат постови од извесен корисник кој тврди дека е програмер во Microsoft и дека причината поради која Windows ја доби бројката 10, e верувале или не, е стариот добар Windows 95.
Корисникот Cranbourne тврди дека во раните тестирања со името Windows 9 се појавиле низа на проблеми со надворешните развивачи на апликации. Наводно некои од кратенките користени од развивачите детектирале апликации што работеле на Windows 95 и Windows 98.
Од Engadget разговарале со програмери за оваа проблематика кои потенцирале дека ова е можно сценарио, како и дека веќе претходно се има случено со Windows 2000 и одредени процесори Pentium.
Програмерот Chister Kaitila на Twitter исто така потенцира дека има повеќе од 4.000 апликации што го користат овој проблематичен код по што е очигледно зошто луѓето од Microsoft се одлучиле да ја именуваат својата нова верзија на оперативниот систем Windows 10, што пак се надеваме дека нема да прави проблеми на наредните генерации.
Извор: UberGizmo