Twitter, како надоврзување на пуштањето на новата Blue претплата, го најавија Blue for Business. Засега овој нов дел од Twitter Blue е пуштен како тест на ограничен број на компании, а се најавува дека идната година може да се очекува дополнително проширување на достапноста.

Blue for Business донесува неколку новини кои ќе ги издвојат компаниите од другите профили, но од Twitter истакнуваат дека може да се користи и од страна на брендовите, медиумите и новинарите, спортските клубови и здруженија и слично.

Како прва работа која ќе биде карактеристична за Blue for Business профилите е квадратна форма на профилната слика, наместо кружна како кај останатите.

Тоа што навистина ја прави посебна Blue for Business функцијата е можноста за поврзување со вработените, подружниците и било кои други поврзани профили со компанијата или брендот.

Вработените во компаниите, на пример, ќе имаат додатна ознаката, односно додатен беџ до нивното име кој во основа е намалена верзија од логото на компанијата, односно профилната слика од истата.

На овој начин точно ќе се прави разлика помеѓу обичните профили, без разлика дали имаат син беџ и профилите кои се на компании, брендови, медиуми, новинари, познати личности и слично.

Од Twitter исто така најавија дека имаат започнато со ставање на сивиот беџ на профилите кои се од владини служби. Бизнис профилите веќе го добиваат златниот беџ.

Различните бои на беџовите беа најавени минатиот месец и се тука да се направи разлика помеѓу различните видови на профили на мрежата, односно да се намали забуната со беџовите по одлуката на Елон Маск да се почне да се наплаќа од повеќе корисници како извор на финансии.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаПретставувањето на OnePlus 11 закажано за 7 февруари идната година
Следна статијаGoogle најави неколку новини за YouTube во Индија за кои би сакале да станат достапни во целиот свет
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.