Иако OnePlus преку Weibo најавија дека нивниот OnePlus 11 ќе биде првиот кој ќе работи на новиот Snapdragon 8 Gen 2, сепак изгледа плановите биле други или во меѓувреме се промениле.

Како и да е, OnePlus официјално ја закажа датата за нивниот „OnePlus Cloud 11“ настан, а таа е 7 февруари 2023 година. Настанот ќе се одржи во Њу Делхи, Индија, а на него покрај OnePlus 11 5G телефонот, ќе ги видиме и слушалките OnePlus Buds Pro 2.

Од компанијата најавија дека ќе бидат претставени и други производи, но овие два се главните, а другите не ги споменаа. Според информациите, се очекува претставување на механичка тастатура, меѓу другото.

OnePlus 11 ќе работи на Snapdragon 8 Gen 2, а тоа е во главно се што се знае за овој телефон. Од компанијата дополнително истакнуваат дека соработуваат со Hasselblad за камерите на уредот, но тоа е се, барем од официјалните извори.

Според неофицијални извори, ќе бидат достапни три камери и тоа 50 мегапикселна главна камера, ултра широка со 48 мегапиксели, како и „телефото“ камера со 32 мегапиксели. Селфи камерата треба да има 16 мегапиксели.

Покрај ова, се очекува дека OnePlus 11 ќе дојде со 6,7 инчен QHD+ AMOLED екран со стапка на освежување од 120 херци, како и 16GB RAM и 256GB UFS 4.0 простор за податоци.

Два телефони кои веќе се претставени со новиот Snapdragon 8 Gen 2 се Xiaomi 13, а тука е и Vivo X90 Pro+.

ИЗВОРXDA-Developers
ИЗВОР 2Android Central
Претходна статијаНа 14 февруари конечно доаѓа крајот на Internet Explorer
Следна статијаTwitter претстави нов начин за поврзување на бизнисите и нивните вработени и подружници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.