Фото: Shutterstock.com

Google овие денови ја одржува својата Google for India конференција, од која можевме да видиме дека од компанијата работат на можноста Google Lens да го чита лошиот ракопис на докторите. На оваа конференција беа презентирани повеќе вакви новини, а меѓу тие кои привлекуваат посебно внимание се новите функции најавени за YouTube.

За жал, овие новини ќе бидат достапни во земјата каде што се презентираат, односно во Индија, но навистина би било добро доколку во иднина бидат пуштени за сите корисници.

Како главна новина која според нас би привлекла големо внимание е Courses, односно курсеви. На YouTube веќе има голем број на видеа кои се направени со цел да преку нив се научи некоја способност, но истите се прикажуваат во истиот формат како и сите видеа на мрежата, а и заработката е стандардна преку реклами.

Со курсевите, видеата ќе бидат прикажувани во посебен формат прилагоден за ваков вид на видеа, а ќе може да се заработува со директна наплата на истите. Покрај ова, курсевите ќе имаат и посебен дел за документи, слики и слични дополнителни материјали.

Додатокот на курсеви на YouTube би било директна конкуренција со повеќе вакви платформи, па баш ќе видиме дали од Google би сакале да влезат на овој пазар во целиот свет.

Дополнително, од компанијата најавија дека корисниците ќе можат да ги пребаруваат видеата преку Google апликацијата на мобилните. Ова е посебно корисно за поголемите видеа, па наместо да се бара низ видеото, ќе може да се побара дел од текстот кој е достапен автоматски и директно да се отиде на тој дел од видеото.

Корисниците во Индија добиваат и можност да изберат од повеќе аудио верзии на видеото. Тоа значи дека на видеата ќе може да се прикачат повеќе аудио верзии кои се разликуваат по јазикот на кој се говори, како што е веќе можно на стриминг сервисите и на телевизиските канали.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Android Police
Претходна статијаTwitter претстави нов начин за поврзување на бизнисите и нивните вработени и подружници
Следна статијаШвајцарија се приклучува на Регионалниот фонд за предизвици
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.