Една од најдобрите серии при крајот на деведесеттите, барем за нас, That 70’s Show, добива продолжение или како што се нарекува „спиноф“.

Новата серија е наречена That 90’s Show и е направена од страна на Netflix, каде ќе може и да се гледа со почеток на 19 јануари идната година.

Серијата се врти околу ќерката на Ерик и Дона, Леа, која својот летен распуст се решава да го помине кај нејзините баба и дедо. Тоа значи дека во оваа серија ќе ги има одличните Куртвуд Смит со улугата на „страшниот“ и строг Ред, како и неговата жена Кити, која ја игра актерката Дебра Џо Руп.

Засега не е познато дали некои од останатите карактери од старата серија ќе ги видиме во оваа, но и да се остане само на Ред и Кити, веќе серијата привлекува големо внимание.

Дејството на серијата се одвива во 1995 година, повторно во Поинт Плејс, Висконсин, а тука е и познатиот подрум каде се собираат децата за да прават секаква глупости.

Тоа што не „плаши“ за очекувањата за That 90’s Show е што е направена од Netflix, па не би не изненадило нешто со ваков капацитет за одлучна серија, биде уништено од „woke“ влијанието кое не е мало во оваа компанија.

Сепак, да оставиме прво да излезе серијата при крајот на јануари идната година, а во меѓувреме тука е и првиот „трејлер“ кој можете да го погледнете во продолжение.

Претходна статијаНеофицијални резултати од тест на M2 Max ги откриваат можните перформанси на чипот
Следна статијаЕлон Маск ги презентира дел од плановите за Twitter во наредниот период
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.