Втората генерација од одличниот M1 чип од Apple ја видовме во јуни оваа година со претставувањето на MacBook Air M2 и MacBook Pro 13. Како што беше случајот со првиот чип, подоцна се очекуваат нови и посилни верзии, па за идната година ги чекаме M2 Pro и M2 Max.

Дел од уредите кои сега ги чекаме идната година, првично се очекуваа за оваа, но веќе е јасно дека Apple заврши со претставување на Mac компјутери за 2022.

Идната година ги очекуваме MacBook Pro 14 и 16 инчните верзии, а има најави и дека може да се очекуваат и нови Mac mini и iMac компјутери. Дополнително, можно е да ја видиме и првата верзија од Mac Pro со чип од Apple, а тука е и можната нова верзија од Mac Studio.

Сега ја имаме и првата неофицијална информација за можните перформанси на M2 Max чипот кој наводно е тестиран преку познатата апликација Geekbench. На тестот стои дека тој е направен на Mac14,6 и има 12 процесорски јадра, како и 96GB унифицирана меморија.

Резултатите покажуваат не толку големи подобрувања во споредба со ланскиот M1 Max, па така новиот чип има резултат од 1853 на едно јадро, односно 13855 на повеќе јадра.

M1 Max има резултат од 1755 на едно јадро и 12333 на повеќе јадра, што секако е послаб резултат, но не за голем процент.

Најави за вакви разлики веќе можевме да прочитаме, а не толку голема разлика можеше да се види и помеѓу M2 и M1 основните чипови.

Исто така, не е познато во која архитектура ќе биде направен M2 Max чипот. Основниот модел е направен во истата, само подобрена 5nm архитектура во TSMC, иако се очекуваше користење на нова 3nm архитектура.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаНајновата помала надградба на Windows 11 ја донесува Windows Spotlight темата
Следна статијаThat ’70s Show добива продолжение во новата Netflix серија That ’90s Show
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.