Додека се чека на повторното пуштање на новата Twitter Blue претплата со изменетите правила, Елон Маск објави слајдови од неговата презентација во компанијата. Од овие слајдови може да се видат дел од плановите кои ги има тој за Twitter во периодот што следи, а дел од нив го привлекуваат вниманието и на обичните корисници.

За почеток Маск објавува слајдови кои покажуваат дека мрежата има најголем број досега на нови корисници, како и минути на активни корисници. Тој исто така покажа информација дека достапноста на објави со говор на омраза е намален, како и имитирањето на други профили.

Тоа што е ново и тој го нарекува Twitter 2.0 вклучува промена на начинот на рекламирање, поголем акцент на видео содржина, повторното пуштање на Twitter Blue претплатата и можноста за плаќање преку мрежата.

Тоа што посебно се истакнува е најавата дека се планира воведување на шифрирани директни пораки, нешто што е популарно кај повеќето други сервиси, може да се каже дека уште само Facebook останаа со нивниот Messenger, но и тоа е во процес на имплементација.

Маск најави и зголемување на бројот на карактери како ограничување при објавите, нешто по кое е позната оваа мрежа. Ограничувањето можно е да биде зголемено од сегашните 280 на 1000 карактери, но останува да видиме на која бројка ќе биде донесена одлуката дефинитивно. Како и да е, корисниците ќе можат малку „полабаво“ да се изразат на Twitter во блиска иднина.

Претходна статијаThat ’70s Show добива продолжение во новата Netflix серија That ’90s Show
Следна статијаЧовек во Њујорк купил 300 iPhone телефони, па бил ограбен на пат до автомобилот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.