Луксембуршкиот сателитски оператор SES за 24-ти овој месец најави дека ги има ангажирано SpaceX со Falcon 9 ракетата за поставување на нивниот SES-9 сателит во орбитата на Земјата.
Она што нас ни е интересно е секако Falcon 9 ракетата којашто од SpaceX веќе 3 пати се обидуваат да ја слетаат вертикално на платформа во океан. Ова е нешто што се покажа како голем предизвик, па сите досегашни обиди беа неуспешни и резултираа со уништување на ракетата.
По носењето на товарот во орбитата, SpaceX најверојатно нема да има доволно гориво останато за да слетувањето го направи на платформата од каде што ќе полета Falcon 9 ракетата. Поради тоа тие ќе го направи четвртиот обид за слетување на платформа во океан.
За разлика од слетувањата на копно, каде што SpaceX веќе имаше успех, слетувањата во океан се многу посложени. Се работи за место коешто никогаш не е доволно стабилно, а тоа посебно важи во ситуации кога брановите се високи поради лоши временски услови.
Тоа беше и причината за последното неуспешно слетување на Falcon 9. Ракетата се чинеше дека успешно ќе слета се до последниот момент кога се превртува буквално по слетувањето.
Ваквите ситуации ги избегнуваат од Blue Origin со прилагодување на местото на слетување да не мора да биде баш во централната точка, доколку во последен момент се процени дека би била загрозена стабилноста на ракетата.
Наредната мисија на SpaceX е закажана за 24-ти овој месец, односно за 25 доколку мора да биде одложена поради временски или технички проблеми. Ќе биде интересно и со внимание ќе чекаме да видиме што ќе се случи овој пат при слетувањето.
Извор: TNW, Engadget, ARSTechnica